Балетот „Оревокршачка“ во МОБ
Македонската опера и балет денеска од 12 часот ќе ја изведе популарната балетска претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски. Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, сценограф е неговиот сонародник Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска.
Во главната улога на „Оревокршачка“ денеска ќе настапи првенката на МОБ, Ивана Коцевска. Нејзин партнер ќе биде Дојчин Дочев од Бугарија. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
- Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман дејството го поврзал со празнувањето на Нова година. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го напишал либретото, а музиката ја компонирал Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по повод новогодишните и божикните празници. Бидејќи е популарна и сакана од младата публика, нашите две претстави се закажани во матине термини, односно во 12 часот, информира МОБ.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер