-->
-->
Балетот на мраз „Оревокршачка“ презакажан за 4 декември
-->
Балетскиот спектакл на мраз „Оревокршачка“ од Петар И. Чајковски кој требаше да се одржи на 24 ноември, поради технички причини е презакажан за 4 декември 2017, во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот.
Од Прагма продукција известуваат дека купените билети со датум од 24 ноември се важечки и нема потреба да се менуваат за билети со нов датум.
Билети за претставата може да се набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија, билетарата на МОБ, во Пола Југотон, Југотон, Цвеќара „Розе” - Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.
„Оревокршачка“ ќе ја изведе Државниот балет на мраз од Санкт Петербург кој минатата година гостуваше во МОБ со балетот на мраз „Лебедово езеро“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес