Бајрами не е избеган, само не живее во државава, вели неговиот адвокат
Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу осум милиони евра во Лотарија.
Информацијата ја потврди самиот Апостолски, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од државата.
И премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија подолго време не е во државата.
- Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Груби и Бајрами откако Основниот кривичен суд во Скопје им одреди мерка притвор од 30 дена.
Ново на Сител
-

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји
-

Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
