Бајрактаров: Водевме позитивна кампања за рамномерен развој и праведна општина
Kако што ветив на денот на потпишување на кодексот за фер и демократски избори, изминатите денови водевме позитивна изборна кампања, рече на денешната прес-конференција, Марјан Бајрактаров, кандидатот за градоначалник на Струмица предложен од ВМРО-ДПМНЕ.
- Убеден сум дека успеавме доследно да ги претставиме нашата програма и кандидатите за советници од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека и јас како кандидат за градоначалник успеав да ви го приближам мојот карактер и мојата идеја за рамномерен развој и праведно управување со општината. Како човек со долгогодишно работно искуство, лично верувам дека тимската работа носи најголем резултат. Затоа и кампањата беше насочена кон претставување и на капацитетот на кандидатите од советничката листа, рече Бајрактаров.
Додаде дека смете оти успеале да ја презентираат, како што кажа, нивната визија за развој на општината преку проектите.
- Пред вас е изборот на новиот татко на градот и избор на совет со кој заедно ќе работи за граѓаните. Пред да одлучите, на кого ќе ја дадете довербата, размислете дали досегашната локална власт одговори на вашите потреби, дали им се исполнети ветувањата, и дали ќе гласате за исти и неисполнети ветувања, рече Бајрактаров.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години