-->
-->
Бајден-Зеленски: Дополнителна помош за Украина
-->
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден за новите санкции против Русија.
„Само што го завршив получасовниот разговор со претседателот на САД. Заеднички ја проценивме ситуацијата на бојното поле и на преговарачка маса. Разговаравме за нов пакет санкции и заострување на постоечките казнени мерки“, напиша Зеленски на Твитер.
Тој додаде дека разговарале и за поддршка во одбраната на Украина, како и за макрофинансиска и хуманитарна помош.
Известувајќи за разговорот, Белата куќа соопшти дека притоа станало збор за дополнителна помош на украинската војска.
„Лидерите разговараа за продолжување на напорите на САД со сојузниците и партнерите да идентификуваат дополнителни капацитети за да и помогнат на украинската војска да ја одбрани својата земја“, се вели во соопштението
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути
-
Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава