Бајден: Соопштение за Саудиска Арабија во врска со убиството на Кашоги во понеделник
– Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација ќе објави соопштение во врска со Саудиска Арабија во понеделник, по извештајот на американското разузнавање, според кој е утврдено дека престолонаследникот Мухамед бин Салман го одобрил убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Како што пренесуваат странските агенции, администрацијата на Бајден се соочи со одредени критики дека претседателот требало да биде поостар кон престолонаследникот, кој не е санкциониран иако е обвинет за одобрување на убиството на Кашоги.
Запрашан за казната на престолонаследникот, владетелот на Саудиска Арабија, Бајден рече: „Во понеделник ќе биде објавено што ќе правиме со Саудиска Арабија“.
Кашоги, кој престојуваше во САД и пишуваше текстови за „Вашингтон пост“ во кои ја критикуваше политиката на престолонаследникот, беше убиен во Конзулатот на Кралството во Истанбул во октомври 2018 година.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор