Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
Американскиот претседател Џо Бајден повтори дека „нема намера да замине“ соочен со на повиците од многу демократи да ја прекине својата кандидатура за реизбор.
Тој ја искористи прославата на Денот на независноста за да возврати на сомневањата за неговата издржливост и ментална острина.
На приемот едно лице од публиката извика: „Продолжете да се борите! Ни требате!“ на американскиот претседател кој му одговори: „Можете да сметате на мене.
Немам намера да заминам“, повторувајќи го неговото ветување дека ќе остане во трката и покрај зголемените повици за негово повлекување.
Бајден минатата недела имаше катастрофален настап на дебатата со Доналд Трамп. Беше збунет, нефокусиран, на моменти зборуваше како да нема поим за која тема се работи.
Американската јавност со години дебатира дали 81-годишниот претседател е во психофизичка состојба да ја води најголемата светска сила.
Дебатата ги продлабочи тие дискусии и воопшто не се во корист на Бајден.
Многу демократи последните денови јасно ставија до знаење дека Бајден мора да се повлече за да може ново лице навреме да се соочи со Трамп, кој води според анкетите.
Џо Бајден им кажал на соработниците и на лидерите на Демократската партија дека посетил лекар по неговите лоши резултати на минатонеделната дебата со Доналд Трамп, што е спротивно на претходните изјави од Белата куќа за неговата медицинска нега, пренесува Ен-Би-Си.
Тој исто така се состана со демократските гувернери и се соочи со прашања за разочарувачкиот настап на дебатата.
На прашањето дали добил медицинска помош по дебатата, тој пред толпата признал дека бил прегледан од лекар и оти се е во ред, тврдат два извори на Ен-Би-Си.
Ново на Сител
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот