Бајден оддава почит кон жртвите од Ковид-19 со петминутен молк
–САД се очекува да ја надминат бројката од 500.000 смртни случаи како последица на Ковид-19, повеќе од каде и да било во светот, објави денеска универзитет Џонс Хопкинс.
Претседателот Џо Бајден, вечерва, од Белата куќа ќе зборува за изгубените животи во пандемијата, проследено со пет минути молк и церемонија на палење свеќи.
-Луѓето ќе зборуваат со децении за ова како ужасен момент во историјата на државата, да имате толку многу луѓе да починат од респираторна инфекција, изјави доктор Ентони Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен.
Покрај половината милион жртви, САД исто така, се први во светот според бројот на заразени со коронавирус, односно над 28 милиони лица.
Според податоците на Џонс Хопкинс, досега има над 111 милиони заразени на глобално ниво, и речиси 2,5 милиони смртни случаи како последица на вирусот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ