Бајден најави нови санкции против Русија
Американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека Вашингтон ќе воведе повеќе од 500 нови санкции против Русија, во момент кога САД се обидуваат да го зголемат притисокот врз Москва поради нејзината војна во Украина.
САД, исто така, ќе воведат нови извозни ограничувања за речиси 100 субјекти за давање поддршка на Русија и ќе преземат активности за дополнително намалување на приходите на Русија од енергијата, наведе Бајден во изјавата.
Мерките се обидуваат да ја повикаат Русија на одговорност за војната и смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, рече Бајден, додека Вашингтон се чини дека ќе продолжи да ја поддржува Украина, иако таа се соочува со сериозен недостиг на муниција, а американската воена помош е одложена со месеци во Конгресот.
„Тие ќе обезбедат Путин да плати уште поостра цена за неговата агресија во странство и репресија дома“, рече Бајден за санкциите.
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите