Бајден ќе го прогласи Трамп за најнеинформираниот претседателкски кандидат во историјата на САД
Американскиот вицепретседател Џо Бајден, кој денеска ќе се вклучи во предизборната кампања на Хилари Клинтон, ќе го прогласи Доналд Трамп за најнеинформираниот претседателски кандидат во историјата на земјата, пренесоа американските медиуми.
Бајден за првпат ќе учествува на предизборен митинг на Хилари Клинтон во својот роден град Скрантон, во државата Пенсилванија.
Вицепретседателот ќе порача дека републиканскиот кандидат за Белата куќа е полошо подготвен за прашањата на националната безбедност од сите досегашни кандидати, соопшти неговата канцеларија.
Парлалено со тоа тој ќе ја убедува јавноста дека Клинтон предлага решенија за проблемите на средната класа во сферата на вработувањето и образованието и дека таа ќе се стреми кон континуитет во политиката, водена од претседателот Барак Обама, додаваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости