Бајден: Камала Харис ќе биде ѓаволски добра претседателка
Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката и претседателски кандидат Камала Харис синоќа првпат заедно се појавија на политички собир во Мериленд.
На собирот беше потенциран новиот договор на администрацијата на Бајден за намалување на трошоците за 10 лекови на рецепт за милиони Американци.
– Камала Харис е неверојатен партнер во напредокот што го постигнавме. Таа ќе биде ѓаволски добра претседателка, истакна Бајден на собирот.
Додека Харис истакна дека „малкумина лидери во нашата земја направија повеќе од Џо Бајден за толку многу прашања, вклучително и проширување на пристапот до здравствена заштита“.
Според најновите анкети, Харис води пред републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Аризона, Мичиген, Пенсилванија и во Висконсин.
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”