Бајден ја продолжи вонредната состојба поради тероризам уште една година
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја продолжи за уште една година вонредната состојба, која беше воведена на 14 септември 2001 година, по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември истата година.
– Ја продолжувам за уште една година вонредната состојба прогласена на 14 септември 2001 година, со прогласот 7463, во врска со терористичките напади од 11 септември 2001 година, изјавил Бајден, според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа.
Бајден нагласи дека терористичката закана што доведе до првото прогласување на вонредна состојба на 14 септември 2001 година, по нападите на Њујорк и Вашингтон, сè уште е присутна.
– Поради оваа причина, заклучив дека е неопходно да се продолжи важноста на националната вонредна состојба и после 14 септември 2022 година со оглед на терористичката закана, прецизира Бајден.
САД денеска одбележуваат 21 година од терористичките напади врз Њујорк и Пентагон во Вашингтон во кои загинаа вкупно 2.977 луѓе, не сметајќи ги 19-те терористи – киднапери на авионите со кои беа извршени нападите.
Ново на Сител
-
Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
-
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица, информира Тошковски
-
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови
-
Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани
-
Уапсен 34 годишен кумановец, се заканувал на 28 годишна жена со која се познавале од претходно
-
Приведен 46 годишен тетовец, со воздушна пушка ја повредил сопругата на неговиот брат
-
Акција во општина Карпош за проверка на хидрантската мрежа во зградите
-
Пред македонската Амбасада во Белград граѓани оддадоа почит за загинатите во Кочани