Бајден: Асад треба да сноси одговорност, САД ќе соработуваат со партнерите во Сирија

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа истакна денеска дека сирискиот претседател Башар ал Асад „треба да сноси одговорност“ за своите постапки, како и дека САД ќе работат со своите партнери и заинтересирани страни во Сирија, помагајќи им да се справат со ризиците.
Во обраќањето од Белата куќа, Бајден рече дека САД официјално не знаат каде е Башар ал Асад, но дека забележал извештаи дека сирискиот претседател побегнал во Москва.
Бајден рече дека Сирија е во период на ризик и неизвесност и дека е првпат по неколку години Русија, Иран и милитантната организација Хезболах да немаат влијателна улога во таа земја.
„Со години, главната поддршка на Асад доаѓаше од Иран, Хезболах и Русија. Но, во текот на минатата недела, поддршката од сите три партии пропадна, бидејќи сите три партии денес се многу послаби отколку кога јас ја презедов функцијата“, рече Бајден, кој стана претседател на САД во 2021 година.
Истакна дека американските сили денеска извршиле десетина прецизни напади во Сирија, насочени кон кампови и оперативци на милитантната група Исламска држава.
Тој рече дека заминувањето на Асад претставува историска можност за сирискиот народ.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
