Бајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со бомби и артилериска муниција
Претседателот на САД Џо Бајден за телевизијата Си-ен-ен синоќа изјави дека САД ќе запрат со испораките на американско оружје за Израел ако премиерот Бенјамин Нетанјаху нареди офанзива на градот Рафа во Појасот Газа.
Во интервјуто тој призна дека американско оружје било употребено за убивање на цивили во Газа.
-Цивили се убиени во Газа како последица на тие бомби, но и на други начини кога тие навлегуваа во населените центри, изјави Бајден укажувајќи на бомбите тешки повеќе од 900 килограми чии испораки запреа минатата недела.
„Јасно ставив до знаење дека ако влезат во Рафа, тие се уште немаат влезено, но ако влезат во Рафа, нема да испратам оружја што историски биле употребени во Рафа и другите градови да се справат со проблемот“, истакна Бајден.
Претседателот на САД се покажа како голем подржувач на Израел и со тоа што за првпат ја условува подршката за сојузникот свртува нова страница во седумесечниот конфликт меѓу Израел и Хамас.
Исто така, изјавата дека американски бомби се употребени за убиство на цивили во Газа е целосно признание за вклученоста на САД во оваа војна.
Администрацијата на Бајден се соочува со огромен притисок, вклучувајќи и од членови на неговата партија, да запре со испораките на оружја кога во Газа се развива хуманитарна криза од огромни пропороции и каде според здравствените власти на појасот досега се убиени над 34.000 цивили.
Градот Рафа е во јужниот дел на Газа каде се сосредоточени околу милион палестинскии бегалци кои ги напуштија своте домови по нападот на Израел и спас побараа во овој град на границата со Египет.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
