Бадникова литија по велешките улици
Повардарската Епархија денеска за првпат во Велес организира Бадникова литија по велешките улици. Празнувањето започна со Света литургија која свештеници од Епархијата Повардарска ја служеа во новоизградената црква „Св. Козма и Дамјан“ во кругот на Општата болница.
По завршување на литургијата, свештеници и стотина дечиња од Велес тргнаа на масовна поворка-Бадникова Литија.
Учесниците ја пееја „Вечниот бог“ и со макетата на Витлеемската пештера со Богородица и малиот Исус се движеа од црквата до новиот театар, потоа до кружниот тек кај „Авона“ и по пешачкиот мост над железницата пристигнаа во Општината. По патот, децата со радост беа поздравени од граѓаните на Велес кои ги даруваа со Бадникови подароци.
Во зградата на Општина Велес ги пречека градоначалникот Славчо Чадиев со својот тим и ги дарува со бадникови пакетчиња.
Како што појаснија од Повардарската Епархија ваква прослава се одржува за првпат со Велес, а е во духот на традицијата и православните празнувања за Бадник.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација