Бадник во домот на семејството Иванови
На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска домот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го посетија децата од Центарот за едукација на македонски фолклор „МИТЕВИ“ од Скопје. Тие ја донесоа Божикната литија и со песната „Вечниот Бог” го најавија Христовото раѓање.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, сопругата на претседателот, Маја Иванова, од името на семејството Иванови на сите православни христијани им посака да имаат благословена, тивка и света бадникова вечер.
-Една голема мудрост вели дека секој од нас има лице од кое што треба да дава насмевки. Има усна од која што треба да изговори добри зборови, да прави добри дела и очи да ги види добрите работи кај луѓето околу нас. Или, како што рекол Св. Климент, веќе не само за овие празници, туку и секој ден треба да шириме насмевки, да кажуваме добри зборови, да правиме добри дела. Да се натпреваруваме во добрина, истакна Иванова и додаде дека честитајќи го Божиќ посакува Христовата светлина да влезе во секој христијански дом и да го осветлува патот на слогата, радоста, љубовта и на успесите.
Сопругата на претседател изјави дека семејните вредности и традиции и оваа година традиционално ги отвориле вратите на нивниот дом.
Децата учесници во бадникарските поворки ја пеат песната „Вечниот Бог” и носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Со божиќната каланда (песна) „Вечниот Бог” се објавува доаѓањето на Спасителот во тело. Песната е древна, води корени уште од некогашното Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи кои се негово духовно и цивилизациско наследство.
Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на „Вечниот Бог” потекна од свештенството на МПЦ-ОА. Според Црквата, радува будењето на оваа стара православна традиција, која од година во година зафаќа се поголем број градови и повторно навлегува во нашето секојдневие.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот