Бачев: Ќе расчистиме со националните предавници кога ќе дојдеме на власт
Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија организира тридневна школа за обука на кадри бидејќи планираат во многу скоро време да бидат легитимна власт во Македонија. Школата е под раководство на Леонид Савин од Русија, а до сега поминале 50 кандидати под како што рече Бачев, строги критериуми.
-Ние како партија цврсто сме решени да ги поправиме состојбите во Македонија и се залагаме за сојуз со Русија. Ќе расчистиме со сите национални предавници кои деновиве гледате распродаваат се живо. Ќе се направи ревизија и конфискација на украденото во овие години. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за нас се едно исто, лажат и крадат, а единствена разлика е што едните краделе во марки другите во евра, рече Бачев.
Партијата веќе поделила проглас што тие ќе направат ако бидат нова власт во Македонија.
-Процесите кои ги навестуваме многу брзо ќе се случат, ние сакаме да бидеме спремни за тој процес. Како Единствена Македонија решително тргнавме да ја промениме власта во интерес на народот, рече Бачев.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива