Бачев: ДИК ги разгледа листите надвор од условите определени со Изборниот законик

Државната изборна комисија ги разгледа и отфрли листите на Народното движење на Македонија надвор од условите определени со Изборниот законик, обвини на денешната прес-конференција претседателот на НДМ, Јанко Бачев.
Тој најави дека НДМ ќе поднесе тужба до Управен суд за ваквата одлука.
- ДИК со свое решение ги отфрли листите на НДМ, како што се вели во него, од причина што немаме доставено фоткопија од лични карти на кандидатите за пратеници и доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска постапка. Со тоа ДИК поставила два дополнителни услови кои немаат правен карактер, изјави Бачев.
Посочи дека поднесените листи од НДМ ги содржат сите услови определени со Изборниот законик и оти никаде не е пропишана обврска за доставување на копија од лична карта и доказ за секој кандидат дека не е осуден со правосилна судска одлука.
Додаде дека НДМ уредно до ДИК во законскиот рок од 48 часа ги доставивиле сите потребни податоци.
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
