Македонија
11. јуни 2018 - 13:36

Баба Јагода излезе од Домот за старци во Куманово и не се врати, семејството ја бара

Јагода Серафимовска (66) од Куманово, вчера во утринските часови го напуштила Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово каде престојувала. 

Семејството на Серафимовска побара помош од граѓаните доколку ја забележат да ја пријават во полциска станица или да се јават на телефонските броеви 078/334-392, 078/ 334-372.

Исчезнатата жена има здравствени проблеми. 

Од МВР потврдија дека лицето е пријавено за исчезнато во текот на вчерашниот ден од страна на кумановецот С.С. Полицијата презема мерки за наоѓање на лицето.

Одговорните од Домот за стари лица велат дека и тие преземаат мерки за наоѓање на жената.

Директорот на установата, Дејан Стојановски информираше дека и волонтерите од кумановскиот Црвен Крст ќе се вклучат во потрагата и ќе поделат флаери.

Тој појасни дека установата е од отворен тип и дека нивните корисници имаат право да излегуваат.