Свет
29. July 2018 - 11:27

Баба и две правнучиња загинаа во шумски пожар во Калифорнија

 - Една баба и нејзините две правнучиња се најновите жртви во големиот шумски пожар што ја зафати северна Калифорнија.
 
Најтешко погоден е градот Рединг, каде загинаа вкупно пет лица, граѓани и пожарникари. Трите члена на семејствтото Бледсоу, по кои се трагаше од четвртокот, беа пронајдени мртви, информираа спасувачките екипи.
 
Пожарот во областа Кар се прошири над над 300.000 квадратни метри и уништи 500 куќи и згради.