Автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ – нов симбол на Скопје, најавија Заев и Шилегов
Во наредните 18 месеци се очекува да биде готов автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ што ќе ги поврзува улицата „Скупи“ со булеварот „Илинденска“. Мостот вреден шест милиони евра, ќе биде широк 24 метри и четири коловизни ленти, пешачки и велосипедски ленти од двете страни, а ќе значи нова врска и спојување на градот, граѓаните и нивна комуникација.
Како што најавија премиерот Зоран Заев, првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев кои направија увид во почетокот на изградбата на мостот, се работи за капиален пропект и архитектонско чудо кое има претенција да стане нов симбол на Скопје.
-Мостот „Љубљанска“ е прв висечки и ќе биде запамтен како архитектонско чудо. Ќе ја растовари и избалансира сообраќајната фреквенција, ќе овозможи брз пристап од скопската Обиколница до Општина Карпош, поврзување на општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, ќе значи нова и подобра комуникација не само на Скопје, туку и на граѓаните, истакна премиерот Заев.
Според Шилегов, се очекува мостот да биде во функција кон средината на 2023 година.
-За само четири години почнуваме со изградба на вториот мост, кој на секој начин е спојување на градот, луето и нивна комуникација, истакна Шилегов.
Средствата за изградбата се обезбедени преку ТАВ програмата.
На настанот што го организира Град Скопје, присуствуваат и претставници од раководството на компанијата ТАВ, Метин Батак, Неџат Курт и Фатих Кан.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење