Спорт плус
19. May 2018 - 17:33

Автомобилистите стартуваат во јуни

Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) на денешната прес-конференција го објави календарот за натпреварувачката сезона во домашниот шампионат.
Предвидени се 11 трки, од кои четири кружни, четири ридско-брзински и три слалом трки. Дополнително ќе биде истакнат и датумот за картинг натпреварите.
 
РАСПОРЕД НА ТРКИ
09-10.06 2018 – ВОДНО 
23-24.06 2018 – КОЧАНИ (CEZ)
14-15.07.2018 – КИЧЕВО
04-05.08 2018 – КРУШЕВО
18-19.08.2018-ГЕВГЕЛИЈА
01-02.09 2018-КИЧЕВО
08-09.092018 – СТРУМИЦА
15-16.09 2018-СКОПЈЕ
29-30.09 2018-СКОПЈЕ (CEZ)
13-14.10 2018- ПРИЛЕП
10-11.11.2018 - ВОДНО
 
Досега потврдено е учеството на триесетина натпреварувачи, но се очекува бројот дополнително да биде зголемен. Сезоната ќе стартува на 9 и 10 јуни со ридско-брзинската трка на Водно. Покрај домашните автомобилисти, најавено е и учество на возачи од соседните земји. На дел од трките ќе бидат и македонските автомобилисти Виктор Давидовски и Игор Стефановски-Иџе, кои со своето присуство ќе придонесат за поголема афирмација на спортот.
Новото раководство истакна дека се направени нови правилници, изгласани се нови тела и делегати кои функционираат со максимална посветеност и единствена цел – враќање на сјајот и популарноста на авто-мото спортот во земјата.