Македонија
21. January 2018 - 15:15

Автомобил удри во метална канделабра во Ѓорче - шест лица повредени

Синоќа околу 1 часот и 20 минути пополноќ на улицата “Ѓорче Петров“ после крстосницата со улица “Васил Иљоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мини Купер“ со скопски регистерски таблици управувано од 25-годишната Е.М. од Скопје и патничко моторно возило “Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици управувано од 18-годишниот А.А. од Скопје. 

По ударот, возилото “Сеат Алтеа“ излетало надвор од коловозот и удрило во  металната канделабра за улично осветлување. Од сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила возачот Е.М. која била пренесена во Комплекот клиники “Мајка Тереза“ и истата била задржана за понатамошно лекување, додека пак возачот А.А. се здобил со телесни повреди.

Исто така, со телесни повреди се здобиле и сопатникот од возилото “Мини Купер“ Д.С.(25) од Скопје, како и сопатниците од возилото “Сеат Алтеа“ - Б.В.(20), Џ.С.(29) и А.А.(24). 

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.