Македонија
24. July 2023 - 10:34

Автомобил се преврти на кров во близина на ГП „Богородица“ | ФОТО

Утрово околу 9 часот на автопатот Демир Капија-Гевгелија во близина на граничниот премин „Богородица“ се случила тешка сообраќајна несреќа. 

Според првичните информации, станува збор за автомобил кој е превртен на покрив на третата сообраќајна лента од автопатот.

На терен е брза помош, полиција и пожарна кои им помагаат на повредените лица.

Истрагата ќе треба да утврди кои се причините за несреќата.