Автомобил се изврте на патот Скопје- Тетово - повредени возачот и тројца патници
Автомобил марка „мазда“, со тетовски регистарски ознаки попладнево, во 18 часот и 10 минути излетал од автопатот Скопје-Тетово, во близина на натпатникот за тетовското село Чифлик.
Од СВР-Тетово за Телеграф.мк изјавија дека автомобилот бил управуван од страна на 38-годишен тетовец со иницијали А.Р. Покрај возачот во автомобилот имало уште тројца патници.
До незгодата дошло кога возилото загубило контрола и излетало од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот и тројцата патници кои биле пренесени во Тетовската болница и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Неофицијално, до излетувањето од коловозот дошло поради неприспособена брзина кон условите на патот.
Од СВР-Тетово изјавија дека загрижувачки е тоа што излетувањата на возила поради неприспособена брзина, станале честа појава во тетовскиот регион.
Според портпаролот, Марјан Јосифоски, уште една негативна појава е возењето без возачки дозволи. Тој истакна еден фрапантен податок според кој во текот на месец јуни годинава биле регистрирани дури 232 случаи во кои лицата управувале моторно возило без возачка дозвола.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024