Македонија
12. July 2024 - 14:03

Автомобил целосно смачкан излетан од патот, тешка сообраќајка на излезот од Скопје | ВИДЕО

На излезот на Скопје попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа. Во видеото кое почна да се шири на социјалната мрежа Твитер може да се забележи како автомобилот е речиси смачкан и се наоѓа во централното зеленило што го одделува автопатот.

Нема информација за евентуално повредени или жртви од оваа несреќа. Се очекуваат повеќе детали од страна на МВР во текот на денот.