Македонија
23. јуни 2018 - 14:27

Автобусот со број „22“ утре напладне ќе сообраќа само до населбата „Даме Груев“

 Автобуската линија со број „22“ на ЈСП Скопје утре од 12 до 13 часот ќе сообраќа само до населбата „Даме Груев“ поради најавениот протест напладне на група граѓани од Ново Село на улицата „1“ пред складот на „Макпетрол“.

Граѓаните ќе протестираат поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

Како што информира МВР, граѓаните во периодот од 12 до 13 часот ќе го блокираат сообраќајот и тој ќе се одвива по улицата „Лука Геров“, десно по улицата „Тиранска“, лево по улицата „Пекљане“ и обратно.