Автобусот на Дурмо Турс пред несреќата се движел со брзина од 99 километри на час, тахографот покажувал 85
Системот за баждарење на брзинометарот се користел за манипулација на брзината за вчитување, открило вештачењето на професорот од факултетот Феит, Јосиф Ќосев.
Тој денеска во судницата објасни дека од испитувањето на тахографот се покажало дека непосредно пред несреќата, записот на брзинометарот имал вчитано брзина од 85 километри на час. Испитувањето го продолжил во лабораториски услови вклучувајќи го тахографот на компјутерски зададена брзина од 100 километри на час и вклучен систем за баждарење, уредот евидентирал брзина од 86 километри на час. Тој појасни дека со вештачењето се утврдила точната брзина на движење на автобусот која непосредно пред несреќата изнесувала 99 километри на час.
Инаку на денешното судење, судијата Дијана Груевска информираше дека сопственикот на компанијата Дурмиш Бељули е пуштен да се брани од слобода со понудена гаранција.
Освен него, за овој случај се обвинети уште одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски и се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, вработени во станицата за технички преглед одговараат за соучество во истото дело.
Автобуската несреќа кај Ласкарци се случи во февруари годинава, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија