Автобус застана на семафор па пропадна во дупка: Бизарна несреќа во Пенсилванија, има и повредени

Замислете да се возите со автобус и наеднаш да полетате наназад зошто еден дел од возилото паднал во дупка која се отворила на патот. Токму таква, несекојдневна несреќа се случи неодамна во Питсбург во Пенсилванија.
Имено, автобусот запрел на црвено светло на раскрсница кога неговиот задел дел пропаднал во огромна дупка на патот, што предизвикало возилото опасно да се навали наназад.
За среќа, во автобусот во моментот на несреќата биле само двајца патници, од кои еден се здобил со полесни повреди, пренесува Еј Би Си.
„Најтешкиот дел од автобусот е токму задниот дел зошто таму се наожа моторот, и затоа со него пропаднал во дупката, објаснија официјални лица.
Набрзо на терен излегло возило на шлеп службата. Меѓутоа тука не завршија маките.
Шлеп службата не можела да го извлече автобусот од кратерот. Затоа не крајот е повикан кран за да го тргне возилото од патот, а улицата поради тоа долго била затворена.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
