Автобус со деца од Србија се преврте на автопатот Тракија во Бугарија
Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот Тракија кај градот Стара Загора, соопштија бугарските власти. Инцидентот се случил околу 20:10 часот на 216. км во правец на Софија.
Според првичните информации 10 деца се тешко повредени. Полицијата и пожарникарите се на терен. Сообраќајот на овој дел од автопатот е ограничен за да се обезбеди зелен коридор за транспорт на повредените деца до болниците.
На местото на настанот пристигнале 5 полициски и 5 екипи на противпожарната служба, како и Итната помош, а многу патнички возачи застанале и помогнале да се извлечат повредените лица и децата од автобусот. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
Децата од Србија се враќале од одмор на бугарското црноморско крајбрежје. Засега нема информации за загинати, но има тешко повредени, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.
Ново на Сител
-

Нови правила за вработување во здравството
-

Силен земјотрес од 4,6 според Рихтер ја погоди Македонија: Регистрирани низа други по синоќешниот силен удар
-

До април Владата ќе очекува детален извештај како работеле 43-те лиценцирани фирми за канабис
-

Судењето за полицајците обвинети за работата на „Пулс“ закажано за во март
-

Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
