Автобус со деца од Србија се преврте на автопатот Тракија во Бугарија
Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот Тракија кај градот Стара Загора, соопштија бугарските власти. Инцидентот се случил околу 20:10 часот на 216. км во правец на Софија.
Според првичните информации 10 деца се тешко повредени. Полицијата и пожарникарите се на терен. Сообраќајот на овој дел од автопатот е ограничен за да се обезбеди зелен коридор за транспорт на повредените деца до болниците.
На местото на настанот пристигнале 5 полициски и 5 екипи на противпожарната служба, како и Итната помош, а многу патнички возачи застанале и помогнале да се извлечат повредените лица и децата од автобусот. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
Децата од Србија се враќале од одмор на бугарското црноморско крајбрежје. Засега нема информации за загинати, но има тешко повредени, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.
Ново на Сител
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
