Македонија
21. July 2018 - 12:30

Автобус се заби во Шевролет на патот Охрид - Кичево, има повредени

На 20.07.2018 година во 19 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево после мостот кај влезот за с.Горенци се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Шевролет“ со скопски регистерски таблици управувано од K.Х.Х.(55) од Скопје и автобус „Ивеко“ со охридски регистерски таблици управувано од Ч.К.(57) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот на автобусот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“. Со телесни повреди се здобила и патник во автобусот И.Ќ.(21) од Охрид која исто така со возило на Итна медицинска помош пренесена била во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.