Свет
2. December 2019 - 20:50

Автобус падна во бездна во Чиле, 20 загинати

Најмалку 20 лица загинаа во северно Чиле кога автобус падна во бездна на длабочина од 20 до 30 метри, соопштија денеска официјалните лица.

Спасувачката операцијата сè уште е во тек.

Засега не се познати причините за несреќата.