Авто Испитен Центар: Никој досега од кандидатите не пријавил дека им барале мито за да положат
До нас како институција Авто Испитен Центар досега нема стигнато информација од кандидат за возач дека некој од нашите вработени им побарал мито на кандидатите за да положат возачки испит. Ова се потврдува со фактот дека до МВР нема поднесено ниту една пријава по ниеден основ за работењето на инспитниот центар, а тоа доволно кажува за нашето работење во овие две и пол години. Воедно ги повикувам кандидатите да не подлегнуваат на било какви понуди и манипулации од поединци вработени во поедини авто школи како инструктори и други лица кои им ветуваат дека со недоволно покажано знаење би го положиле возачкиот испит. И ги охрабрува сите кандидати ако навистина некој им бара мито, тоа да го пријават веднаш до надлежните институции, особено тргнувајќи од фактот дека и нудењето и давањето на мито е кривично дело.
Стапката на положеност е обично од 25 до 40 проценти на градско возење и таа зависи од квалитетот на обуката и покажаното знаење од страна на кандидатите за време на спроведување на возачкиот испит кој се спроведува според законот за безбедност во сообраќајот, правилникот за проверка на знаењето на кандидатите за возачи и оценувачките листи. Возачкиот испит се снима со двострани камери кои овозможуваат видео и аудио запис и снимениот материјал се чува во испитниот центар 90 дена од спроведениот испит. Во случаи кога кандидатот возач не го положи возачкиот испит и не е задоволен од оценката, има право да поднесе приговор до испитниот центар во рок од 24 часа од спроведувањето на возачкиот испит кој го разгледува комисија составено од членови на МВР и МОН која исто така има право да ја промени одлуката на испитната комисија од центар.
Почитувани новинари! Ние како испитен центар го разбираме вашиот интерес за оваа тема како и интересот на јавноста и секогаш сме отворени да одговориме на вашите прашања. Но, воедно ве замолуваме да имате разбирање на начинот на оценување на кандидатите затоа што доколку и еден кандидат успее да земе возачка дозвола без доволна подготовка, а со тоа да стане и учесник во сообраќајот за било која категорија вклучувајќи ги автобусите и тешките теретни возила, тој ќе претставува опаснот како за себе така и за останатите учесници во сообраќајот, а да не зборуваме и за потенцијални жртви за кои секојдневно сме сведоци на нашите патишта. Уште еднаш би ве замолиле за разбирање.
Со почит Авто Испитен Центар
Ново на Сител
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”