Австриските власти ќе им забранат и на наставничките да носат хиџаб во училиштата
Откако ја најавија забраната за носење муслиманска марама (хиџаб) за девојчињата до 14-годишна возраст, новата австриска министгерка за интеграција Сузане Раб изјави дека „како следен можен чекор“ се разгледува и забраната за сите учителки, наставнички и професорски во јавните школи, пренесоа австриските медиуми.
Весникот „Кронен Цајтунг“ јавува дека Раб (министерка од австриската Нардона партија – ОВП) вели дека во новата австриска Влада „има широк консензус“ за оваа тема.
Според неа, станува збор за примери кои се учат во училиште. Таа не наведува кога би се спровела забраната за носење хиџаб, нити за тоа како е договорен „првиот чекор“ на ниво на владата. Забраната за вработените во образованието, вели таа, ќе биде „вториот чекор“.
Министерката повторно ја оправдува, наведува австрискиот весник, забраната за носење марами за девојчиња помлади од 14 години, изјавувајќи дека „ на крајот целта е сите девојчиња помлади од 14 години да се научат да бидат самоуверени жени“.
-Станува збор за споделување на основните вредности кои мора да се почитуваат, истакна Раб и додаде дека сака со министерот за образование и партиски колега Ханјц Фашман да ги утврдат начините за вклучување на родителите, децата, учителите, како и одборот на директори во овој процес.
Од оваа школска година во австриските основни училишта е забрането „носењето верски обележја на облеката, кои се повзрани со сокривање на главата“.
Исламската верска заедница смета дека со забраната се крши основното право на слобода на вероисповед, како и правото на родителите да ги воспитуваат децата.
Од стапувањето во сила на забраната, односно од почетокот на школската година до крајот на ноември, ширум Австрија имало само осум случаи девојчиња да дошле на училиште со марама. Во тие случаи родителите го прифатиле почитувањето на законот на што им укажала упрвата на училиштата.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата