-->
-->
Австриски возач возел кабриолет на минус шест степени
-->

Австриски полицијци уапсија еден возач кој управувал автомобил под дејство на наркотици, откако им го привлекол вниманието со еден „ситен“ детал - го возел своето возило-кабриолет со спуштен покрив на температура од минус шест степени Целизусови.
Дваесет и четиригодишно момче кое изјавило дека не чувствува студ, тврдел дека во ткава состојба возел 23 километри од градот Линц до Велз во северниот дел на Австрија.
Дополнително било утврдено дека возачот нема ни возачка дозовла, која му била одземена „многу одамна“ поради кривични дела поврзани со наркотици.
Австрија, како и најголемиот дел од централна Европа, од почетокот на годинава е зафатена од студен бран со дневни температури од минус десет до минус два степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
