Живот
25. November 2019 - 11:32

Австрија се соочува со недостиг на работна сила

Австриското Министерство за труд и социјални прашања објави листа на дефицитарни работни профили за 2020 година, врз чија основа би можела да се доведе странска работна сила.
 
На листата на сојузно ниво наведено е дека недостигаат 54 профили на пазарот на трудот – од дипломирани негователки, готвачи, машиновозачи, ѕидари, до столари.
 
Во секоја покраина има недостиг од различни работници, така во Корушка недостигаат фризери, во Долна Австрија – стаклари, во Горна Австрија – месари, во Салцбург – молери, во Штајерска – шпедитери, а Тирол и Форарлберг се соочуваат со недостиг на хотелски работници.
 
Келнери недостигаат во Горна Австрија, Салцбург, Тирол и Форалберг, а фризерите се дефицитарни дури во шест покраини.
 
Виена и Бургенланд се единствени покраини кои немаат посебна листа со дефицитарни профили на работници.