Австрија ги заострува мерките за барателите на азил
Азилантите во Австрија ќе мора да платат по 840 евра и да ги предадат своите паметни телефони, се предвидува во новите мерки кои ги усвои австриската Влада.
Парите ќе бидат наменети за трошоците за нивните барања за азил, а властите ќе ги користат податоците од нивните телефони за да го утврдат начинот на кој дошле во Австрија. Ако се утврди дека претходно влегле во некоја европска земја, би можеле да бидат вратени во неа.
Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кицкл, од ултрадесничарската Партија на слободата (ФПО), рече дека мерките се воведени за да се „спречат злоупотреби“. За нив наскоро ќе се изјасни и австрискиот Парламент.
Австрија доби повеќе од 150.000 барања за азил. Според новите мерки, бегалците ќе можат да бараат државјанство дури после десет години, а депортациите ќе бидат забрзани.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка