Австралиските весници протестираат против цензурата

Австралиските весници денеска излегоа со преработени насловни страници како дел од заедничката кампања со која се повикува Владата подобро да ја заштити слободата на новинарската работа.
Насловните страници прикажуваат детално преработен владин документ, кој има за цел да покаже широка цензура. Во исто време, медиумите започнаа кампања, барајќи измени на законите што ја квалификуваат работата на новинарите и активизмот на свиркачи како казнени дела.
Сиднеј Морнинг Хералд бара „сеопфатен амандман на законот за да се стави крај на негирањето на информациите“. Австралијан предупредува на „долготрајни напади врз правата на новинарите“.
Деветнаесет медиумски организации и новинарски здруженија во јуни оваа година ја започнаа кампањата „Твое право е да знаеш“, протестирајќи против упадот на полицијата во јавните телевизиски канцеларии и во станот на еден новинар во потрага по документи доставени од свиркачи.
Во текот на изминатите 20 години, донесени се повеќе од 60 нови закони кои де факто овозможуваат гонење на новинарите и казнување на свиркачите, предупредуваат организаторите на кампањата во најновата акција.
– На Австралија и се заканува опасност да стане најмистериозната демократија, рече директорот на националната телевизија АБЦ, Давид Андерсон.
Тие, меѓу другото, бараат право да го оспорат пребарувањето на простории и построги критериуми за чување документи во тајност.
Ново на Сител
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
