Австралискиот премиер допатува во ненајавена посета на Ирак
Австралискиот премиер Малколм Трнбул синоќа престојуваше во ненајавена посета на главниот град на Ирак, Багдад, каде се сретна со неговиот ирачки колега Хајдер ал Абади.
Според дипломатски извори, на средбата Абади-Трнбул станало збор за меѓународните напори за борба против џихадистичката група Исламска држава, како и за можноситте за продлабочување на билатералните односи.
Австралија, која учествува со свои авиони во воздушните напади врз позиции на ИД во Ирак и чии војници се вклучени во обуката на ирачката армија, во понеделникот го отфрли американското барање за нејзин поголем придонес во борбата против џихадистите.
Предвидено е утре Трнбул да пристигне во дводневна посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со американскито претседател Барак Обама
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања