Австралиски рибари уловија шест метри долга ајкула

Џиновска ајкула, долга шест метри. која австралиски рибари ја уловиле во текот на минатиот викенд, предизвика воодушевување на социјалните мрежи.
Еден од рибарите, Џеф Брукс по враќањето од риболовот во вторникот објави фотографии од уловот на својата Фејсбук страна, по што веста за гигантската ајкула се прошири низ медиумите ширум светот.
- Да, вистинска е и таа е одговорен за неколку локални напади, напиша Брукс на својот профил.
Друг рибар, кој се претстави само како Метју, тврди дека токму тој ја извлекол ајкулата од водата и дека фотографиите се снимени пред четири дена.

Тој додаде дека „суштеството“ било уловено додека се обидувале да фатат друга помала ајкула.
- Се борев со другата ајкула, кога оваа се појави одеднаш и ја голтна, раскажува Метју.
Овој вид ајкули, познати како ајкула-тигар, растат и до пет метри, а бидејќи пливаат во топлите и плитки води, често доаѓа во контакт со луѓето.
По објавувањето на фотографиите, многумина читатели во коментарите напишаа дека одсега нема без страв да влегуваат во морето.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
