-->
-->
Австралијанка заврши во затвор поради лажење дека има рак
-->
Жена од Австралија која лажирала дека има рак за да извлече пари од пријатели и нивните семејства заврши во затвор, пишува Би-Би-Си.
Хана Дикенсон (24) добила 42.000 австралиски долари откако на нејзините родители им кажала дека мора да оди на медицински третман на друг континент.
Нејзините родители примиле донации од пријатели, соопшти судот.
Според судските наводи, Дикенсон парите ги потрошила на одмор и излегувања.
Дикенсон се изјасни за виновна пред судот во Мелбурн за седум обвиненија за добивање имот со измама.
-Народната желба за помош и социјална доверба е прекршена. Тоа се луѓе кои напорно работеле и извадиле пари од своите џебови, посочи судијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец