Австралија избриша град од својата мапа
Витенум е мал град во сојузната држава Западна Австралија наречен - „најопасното на светот“. Се вели, само вдишување воздух во него е доволно да убие. Поради тоа, местото денес е напуштено и се брише од картите, а тука некогаш живееле илјадници луѓе.
Имено, австралиските власти го избришаа Витенум од мапата во обид да ги одвратат посетителите. Инаку, до 2015 година тука имало само шест жители, а до годинава останала само 80-годишната Лорејн Томас. Последната жителка на оваа населба се откажа од борбата за престој во своето место во мај годинава.
Некогаш раздвижениот рударски град е всушност смртоносен и се наоѓа сред најзагаденото подрачје на Земјината јужна хемисфера.
Оваа област, се вели, никогаш нема да биде безбедна за живеење, поради постојаната опасност од азбестоза - но, некои луѓе сепак не можат да ѝ одолеат на можноста за „туристичка авантура“, и Тикток-тури, и покрај предупредувањата на надлежните власти за големите опасности по животот.
При врвот на својот развој - 1930-тите, неколку илјади луѓе живееле во Витенум. Почвата во ова место е богата со син азбест и многу Австралијци се населиле таму за да најдат работа околу рудниците. И следните неколку десетлетија тој бил рударски град... Но, рудниците се затвориле во 1996 година, поради премалата заработка, но уште поважно - големите човечки загуби.
Според податоците, над 2.000 работници и жители починале од вдишување на смртоносните азбестни влакна. Воздухот и денес е штетен, па Владата веќе ги урива живеалиштата, ја затвори депонијата за отпад од рудниците, сѐ со цел - потполно затворање на населбата. И покрај тоа, тука сѐ уште има три милиони тони отпад од азбест.
Ново на Сител
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови