Свет
20. јуни 2017 - 12:31

Австралија ги прекинува воздушните напади во Сирија

Претставниците на австралиската армија денеска соопштија дека новните авиони ги прекинуваат воздушните напади во Сирија, откако САД соборија сириски воен бомбардер и откако Русија се закани со можни напади врз летала на меѓународната коалиција. 

- Како мерка на претпазливост, воените операции на Австралиските вооружени сили (АДФ) во Сирија се привремено прекинати, стои во соопштението на австралиското Министерство за одбрана. 

Русија вчера ги предупреди САД дека ќе ги сметаат за мета сите авиони што ќе летаат западно од реката Еуфрат, откако американската војска собори сириски авион во близина на Рака.