Австралија бара од ЕУ еден милион дози вакцини за Папуа Нова Гвинеја
Австралија бара Европската унија да испрати еден милион дози вакцини против коронавирус во Папуа Нова Гвинеја. Барањето на Канбера официјално ќе биде поднесено денеска, пренесува Дојче веле. Тоа може дополнително да ги влоши постојните тензии меѓу Австралија и ЕУ околу вакцините. Канбера го обвини Брисел за вакцинален национализам, откако ЕУ неодамна блокираше пратка за вакцини наменета за Австралија.
Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека има договор за вакцини што треба да и бидат дадени на Австралија и сега тие имаат огромна потреба да го запрат ширењето на коронавирусот во Папуа Нова Гвинеја, која е близу до Австралија.
– Склучивме договор за тие вакцини. Плативме за нив и сакаме овие дози да дојдат тука за да можеме да го поддржиме нашиот најблизок сосед, Папуа Нова Гвинеја, за да ги задоволиме нивните итни потреби, рече Морисон. Тој ја нарече Папуа Нова Гвинеја семејство и пријател на Австралија, покрај тоа што е сосед и партнер, и рече дека е во интерес на Австралија и регионот да има итни вакцини за земјата.
Австралија ќе донира 8.000 локално произведени вакцини против коронавирус на Папуа Нова Гвинеја, а дополнителни милион дози ќе и бидат доставени веднаш штом пристигнат од Европа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
