Бизнис
5. October 2020 - 16:40

АВРМ: Уште 2.000 невработени во септември поради корона кризата

Нови 2.000 лица останаа без работа само во септември. Агенцијата за  вработување објави дека за 6 месеци, односно од март до септември  работното место го загубија  скоро 15.000 лица, само поради ковид кризата, додека вкупниот број отпуштени достигна близу 40 илјади. Од нив половината се на возраст од 30 до 49 години, или кога се најработноспособни. Скоро 4,500 пак што заработиле отказ имале над 50 години.

Причините за отпушатања на најголемиот дел, или 45% се дека им завршиле  договорите за работа, останатите или добиле отказ од газдата или сами си заминале.  Но има и 300 лица кои останале без егзистенција поради затворање на бизнисот од страна на работодавачот.

Најмногу отпушатања имало во преработувачката индустрија , 5,500 лица и во трговијата на големо и мало, каде близу 4,500 го загубиле работното место. Од угостителските дејности пак  и објектите за сместувања бројките на отпуштени се движат околу 1.300 лица, или под 10%.