Аврамопулос: Ако умре Шенгенот, ќе умре и ЕУ

- Прекинот на слободното движење во Шенген зоната ќе биде фатално за Европа, предупреди еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург.
- Ја споделуваме загриженоста на некои земји членки околу безбедноста, но Шенгенот е жив и треба да остане жив, бидејќи ако тој умре, тогаш ќе умре и Европа, истакна Аврамопулос.
Повеќе европски земји, предводени од Франција и Германија, се залагаат за измена на шенгенските прописи кои ги сметаат за надминати имајќи ги предвид терористичките закани.
Европската комисија начелно прифати во таа смисла да се реформираат шенгенските прописи, но не сака да оди толку далеку како што бараат Париз и Берлин, но и Австрија и Данска.
Без да чекаат ЕК да ги спроведе реформите и да ги примени актуелните прописи, овие земји, повикувајќи се на нови терористички закани, веќе најавија дека ќе ги продолжат за шест месеци времените контроли на границите, воведени во 2015 година.
Ново на Сител
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
-

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

ЕЦБ се очекува да ги зголеми каматните стапки бидејќи војната во Иран ја турка инфлацијата нагоре
-

Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина
