Македонија
1. October 2018 - 15:54

АВМУ: Радиодифузерите не го прекршија молкот

По проверката на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на референдумскиот молк, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија денеска соопшти дека ниту еден радиодифузер, кој бил предмет на надзор, не го прекршил молкот.

Од Агенцијата посочуваат дека радиодифузерите ја исполниле својата професионална обврска да ги информираат граѓаните во специфичен контекст карактеристичен за референдумски молк, а притоа да не ги прекршат правилата.

Во наредните денови Агенцијата, како што се наведува, ќе ги објави извештаите за констатираните прекршувања по други основи, како и извештајот за начинот на покривање на референдумот во последните девет дена од кампањата.