АВМУ: Немаме надлежност врз медиумите базирани на интернет
Министерството за внатрешни работи до Агенцијата достави допис со кој побара реакција во врска со начинот на известување на неколку медиуми базирани на интернет за инцидентот случен на фудбалскиот натпревар во село Волино, Дебрца, на 8 септември 2019 година. Агенцијата нема надлежност врз медиумите базирани на интернет, за што го извести МВР, но дописот го искористи како повод да го провери начинот на известување на националните телевизии и на телевизиите што емитуваат програма во подрачјето каде што се случил инцидентот.
Со увидот беше констатирано дека телевизиите коишто информираа за настанот не ги прекршија програмските принципи и стандарди со оглед на тоа што, во прилозите на оваа тема, пренесоа различни гледишта и мислења и користеа повеќе извори на информации, меѓу кои и МВР.
Агенцијата, апелира, како и повеќепати досега, сите медиуми објективно и непристрасно да ги прикажуваат настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења за да и овозможат на публиката слободно оформување на мислењето за одделни настани и прашања. Медиумите базирани на интернет не треба да бидат исклучок и покрај тоа што не подлежат на регулација.
АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата