АВЛ системот од 1 јануари во автобусите на ЈСП Скопје, од мај и во приватните

Од 1 јануари 2016 година ќе почне користењето на електронските картички и функционирањето на АВЛ системот во автобусите на ЈСП „Скопје“.
- Заради зголемениот интерес на приватните превозници за вклучување во овој ситем, електронските картички во приватните автобуси ќе може да се користат од 1 мај 2016 година, информира Град Скопје.
Досега целосно е инсталирана опремата во 377 автобуси на ЈСП „Скопје“ која вклучува ГПС, ВЦУ (контролна единица), валидатор, фискален апарат, аудио известувања, внатрешни дисплеи во автобусите, а поставени се и инсталациите за втор валидатор.
Град Скопје информира дека најавуваниот старт на интегрираниот тарифен систем ќе биде одложен бидејќи бројот од 500 автобуси кои ќе сообраќаат во градскиот превоз, како што се наведува, се зголеми за дополнителни околу 130 возила по завршувањето на огласот на кој аплицираа приватните превозници.
- Опремата која се вградува во автобусите не е во сериско производство и се изработува исклучиво за потребите на градскиот јавен превоз во Град Скопје. Времето за изработка и достава на опремата е од 2 до 4 месеци, се вели во соопштението на Град Скопје.
Градските власти потсетуваат дека имаше задоцнување на дел од приградските општини за потпишување на Договорот за вршење јавен превоз со Град Скопје.
Ново на Сител
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
